Facebook најави дека во наредните години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на „мета-вселена“, јави ДПА.
Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Facebook, Марк Цукерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како што се виртуелната реалност и зголемената реалност“, рече Ник Клег, потпретседател на Facebook за меѓународни операции.
„Метавселената има потенцијал да отвори пристап до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе ја обликуваат од самиот почеток”, се вели во соопштението.
Клег, поранешен британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија“, нагласувајќи дека Европа е „исклучително важна за Facebook“.