Светската здравствена организација формирала нова експертска група за истражување на опасни патогени која, како што сама оценува, е “последна шанса” да се утврди потеклото на вирусот SARS-CoV-2 и ја повикува Кина на соработка.
Првиот случај на Ковид-19 меѓу човечката популација е регистриран во кинескиот град Вухан во 2019-та година, а Кина секогаш ги негирала обвиненијата дека вирусот “побегнал” од нејзините лаборатории и соопштила дека посети од службеници на СЗО повеќе не се потребни.
СЗО именувала 26 членови од Научно-советодавната група за потекло на нови патогени меѓу кои се Марион Копманс, Теа Фишер и Јанг Јунгуи, кинески експерт кој учествувал во заедничката истрага во Вухан, пренесува Reuters.
Претставничката на СЗО, Марија ван Керкхове изразила надеж дека Кина ќе соработува со новата мисија и дека се потребни 30-тина истражување за да се утврди како вирусот преминал од животни на луѓе.
Водечкиот експерт на СЗО, Мајк Рајан, рекол дека оваа нова група е последна шанса да се утврди потеклото на коронавирусот кој “го сопре целиот наш свет”.
Освен коронавирусот, тимот ќе го истражи потеклото и на други високоризични патогени.
“Разбирањето на тоа од каде доаѓаат новите патогени е клучно за спречување на идни избивања”, рекол генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.
Претходно д-р Гебрејесус и други службеници на СЗО рекле дека “лабораториска несреќа не може да се исклучи” како потенцијален извор на пандемијата.