Компанијата Asus се подготвува да го претстави на купувачите нивниот нов телефон, ZenFone 5, чии фотографии веќе „протекоа“ на интернет.
Познатиот инсајдер и блогер, Еван Блас, на Twitter објави неколку фотографии и детали околу ZenFone 5 Lite.
Она што привлече најголемо внимание околу овој телефон е фактот дека тој поседува четири камери, две од 20 мегапиксели сместени напред и две од 16 мегапиксели кои се наоѓаат на задниот дел од телефонот.
…in (from left to right) Midnight Black, Moonlight White, and Rouge Red pic.twitter.com/yPVqnidM7g
— Evan Blass (@evleaks) February 10, 2018
Двете селфи камери на предниот дел го сместуваат овој телефон во средниот сегмент на Android уреди. Останува големо прашање дали Asus ќе може да направи корисен софтвер кој ќе ги комбинира двете селфи камери како би се добиле фотографии со ефект на заматена позадина, како што е тоа случај кај Live Focus опцијата кај моделот на Samsung, A8, или камерите ќе работат независно за да се добијат различни видни полиња како кај Oppu F3.
Еван Блас рече и дека ZenFone 5 има FHD+ екран со резолуција 2.160х1.080 пиксели и размер 18:9, како и дека ќе биде достапен во Midnight црна боја, Moonlight бела и Rouge црвена боја.
Asus ZenFone 5 ќе чини околу 300 долари.
Извор: Klix.ba