Мicrosoft ја затвори својата социјална мрежа LinkedIn во Кина, со објаснување дека почитувањето на тамошните правила станало преголем предизвик, објави BBC.
„Се соочуваме со значително поголеми предизвици во работната средина и се поголеми проблеми во усогласување на работењето во Кина“, напиша потпретседател на LinkedIn, Мохак Шроф, на својот блог.
Линкедин беше единствената голема западна социјална мрежа достапна во Кина.
Кога започна со работа во таа земја во 2014 година, LinkedIn се согласи со барањата на тамошната влада, ветувајќи дека ќе ја врши својата работа транспарентно. Но, LinkedIn објави дека не се согласува со цензурата што ја спроведува кинеската Влада.
Овој потег на Мicrosoft дојде откако LinkedIn беше критикуван за блокирање на профилите на неколку новинари.
LinkedIn ќе покрене друга верзија на својата платформа подоцна оваа година, наречена InJobs, која ќе биде специјализирана само за работа.
Сепак, платформата нема да вклучува социјални содржини, ниту корисниците ќе можат да објавуваат и споделуваат содржини.