Молекула пронајдена во хималајска габа може да претставува огромен чекор напред во лекувањето пациенти од рак.
Се работи за нов тип хемотерапија, заснована на „магична хемикалија“ која се покажа исклучително ефикасна како лек против рак.
Лекот е наречен NUC-778, а го развија научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британската фармацевтска компанија NuCana. Важен е поради тоа што има потенцијал да уништи клетки на рак до 40 отсто поефикасно од претходните соединенија.Во споредба со постоечките видови хемотерапија, овојк лек нанесува многу помала штета на организамот.
NUC-7738 сѐ уште е во многу рана фаза од развојот, па засега не е достапен како лек. Но, клиничките тестирања покажаа резултати што ветуваат и укажуваат на тоа дека постои опција за нова терапија во борбата против ракот.
За сѐ е ззаслужна активната сосотојка на лекот NUC-7738 наречена кордицепин. Оваа состојка селува против ракот, а има и антиоксидативно и противвоспалително дејство.
Клиничките тестирања почнаа во 2019 година, а засега многу ветуваат.
Извор: Klix.ba