Многумина го искористија падот на социјалните мрежи Facebook и Instagram за да си најдат други задоволства и занимации, па останатите социјални мрежи и платформи забележаа зголемување на сообраќајот.
Имено, за време на неколкучасовниот пад на Facebook, Instagram и WhatsApp претходно неделава, веб-сајтот за возрасни Pornhub забележа зголемување на сообраќајот за 10,5 проценти.
Според Pornhub Insights, тоа значи дека околу половина милион дополнителни корисници биле активни на оваа платформа во секој час додека услугите на Facebook не беа достапни.
Pornhub нагласува дека забележале слично зголемување на сообраќајот за време на големиот пад на услугите на Facebook во 2019 година.
Да потсетиме, во понеделникот, 4 октомври, социјалните мрежи Pornhub и Instagram, како и мрежата WhatsApp, доживеаја колапс на системот.
Извор: B92.net