Често забораваме дека тоа што се наоѓа на нашата чинија и тоа како влијае на здравјето на нашето срце.
„Храната која е здрава за срцето содржи хранливи состојки кои докажано му користат на кардиоваскуларниот систем или го намалуваат развојот од срцеви болести и го намалуваат лошиот холестерол и триглицеридите во крвта, го намалуваат крвниот притисок, ја контролираат телесната тежина или го подобруваат чувството на инсулин“, вели докторката Ранија Батајнех која е авторка на книгата „The One One One Diet“.
Омега три масните киселини, калиум, калциум, магнезиум, растителни влакна, фитонутриенти и антиоксиданти се најважни, а нивниот удел е најголем во медитеранската храна, па треба да ги консумираат оние кои сакаат да го подобрат здравјето на срцето.
Науката ја поткрепува оваа теорија и вели дека менито базирано на житарици, јаткасти плодови, како и малку млечни производи и масти здрави за срцето, може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за една третина, наведено е во студијата од 2016 година објавена во списанието „Journal of the American College of Cardiology“.
Која храна добива црвено светло кога станува збор за здравјето на срцето?
– хот-дог;
– печено пилешко месо;
– пржено пилешко месо;
– пржени компири;
– чипс;
– овошно смути;
– зелен сок;
– конзервиран зеленчук;
– готови замрзнати јадења;
– кечап;
– црвено месо;
– сол;
– бел леб;
– спортски напитоци;
– енергетски напитоци;
– алкохол;
– путер од кикирики;
– овесни снегулки со шеќер;
– јогурт со вкус;
– маргарин.