Одамна изгубената скија, која се користела пред повеќе од 1.300 години, е откриена во Норвешка.
Првата скија од изгубениот пар е откриена во 2014-та година, а седум години подоцна, ледениот дел од планината Дигервардерн се стопил доволно за да ја открие и другата, што заедно ги прави најстариот пар скии кои некогаш се пронајдени, пренесува “Daily Mail”.
Тим од норвешки археолози, воедно и членови на програмата “Secret of the Ice”, пешачел три часа на планината до местото каде е откриена првата скија. Користејќи “GPS” и фотографии направени во текот на првата посета пред седум години, истражувачите втората скија ја лоцирале под мразот. Со секира ја одвоиле од мразот и го истопиле со врела вода.
Дигервардерн се наоѓа во националниот парк Рајнхајмен во Норвшека, популарно археолошко наоѓалиште на кое и претходно биле откриени неколку артефакти користени пред повеќе илјади години. Меѓутоа, причината зошто тие заборавени предмети се појавуваат на површината се климатските промени и повисоките температури кои одат кон топење на некогаш цврстите ледени плочи.
Новооткриената скија е долга 187 центиметри и 17 центиметри широка, а воедно и 17 центиметри подолга и 2 центиметри поширока од првата скија пронајдена во 2014-та година. Археологот Ларс Холгер Пило, кој го сведочел ископувањето на скиите, на својот блог напишал дека новата скија е многу подобро сочувана од претходната, што може да биде последица на подлабокиот мраз.
„Тоа ги објаснува разликите во димензиите меѓу двете скии”, рекол Пило.
Постојат мали разлики меѓу пронајдените скии, а една од нив е дека страничниот дел од новата скија е благо свиткан, додека на постарата е рамен. Интересно е дека новата скија покажува знаци на поправки, а и недостасува дел од страничниот крај кој можеби е некаде во мразот, во непосредна близина.
„Дали се скршил кога сопственикот ги изгубил скиите или кога замрзнал, не сме сигурни. Можеби подоцна ќе откриеме на основа на внимателно проучување на работ на пукнатината”, напишал Пило на својот блог.
“Скиите не се идентични, а не треба ни да се очекува да бидат. Изработката е од рачно производство. Имаат долга историја на носење и поправање”, додал тој. Во ноември 2020-та година Пило и неговите колеги пронашле многу артефакти на подножјето на планината Јотунхајмен во Норвешка. Тогаш пронашле речиси 70 стрели, чевли, текстил и коски од иравси.
Поврзани артикли