Според тврдењата на научниците, луѓето можат да живеат најмалку 130 години, а можеби и многу повеќе, барем така покажуваат статистичките податоци од истражувањето спроведено во магазинот Royal Society Open Science.
Иако надежта нема да нѝ наштети, шансите голем број на луѓе да доживеат толку долга старост се екстремно мали. За толку долг животен век веројатно ќе бидат потребни големи научни револуции во медицинската технологијa.
Досега границата за животниот век на луѓето останала предмет на остра дебата, а најновите истражувања покажуваат на тоа дека би можеле да живееме 150 години. Други истражувања ја потиснале границата во целост тврдејќи дека човечкиот живот не е ограничен со “животен век”. Ако тоа е точно, тоа значи дека нема максимален животен век кај луѓето, но новото истражување анализирало најнови податоци за супер стогодишниците, односно лицата постари од 100 години, како и податоците за полу-суперстогодишниците, лица кои имаат 105 и повеќе години.
Утврдено е дека ризикот од смртта константно се зголемува како што старееме, а после тоа станува константен со 50:50 шанси човекот да умре или преживее секоја следна година.
Попрецизно, после 110 години лицата можат да ги споредат шансите за преживување на следната година со фрлање на паричка.
Моменталните податоци покажуваат дека луѓето можат да живеат најмалку 130 години, но дека сепак постои граница за животниот век.
Меѓутоа, дури и тоа да е реално, веројатно нема да се случи. Една од причините е што ретки се луѓето кои живеат подолго од 100 години. Кога човекот ќе наполни110 години, шансите да поживее уште 20 години и да го дочека 130-от роденден се екстремно мали и тоа во размер1:1.000.000, освен ако не дојде до голема медицинска револуција.
Извор: Klix.ba