Иднината на тутунската индустрија, промената во потрошувачките навики, драстичното затегнување на регулативите на светско ниво, примената на науката и иновативни решенија според упатствата на регулаторите, како и „најжешките“ теми во моментов – намалениот ризик и тутунските алтернативи беа во фокусот на осмото хибридно издание на Глобалниот форум за тутун и никотин (GTNF 2021) што оваа година се одржа во Лондон.
На конференцијата се собраа околу 50 научници од различни области поврзани со тутунот и никотинот, кои имаа можност да разменат мислења и ставови за различни теми. Секој од нив носи поинаква перспектива за производите за намалување на ризикот од користењето на тутунските производи.
Една од идеите кои се наметнува и со кои се согласни речиси сите учесници на панелот е реагирањето на регулаторните органи: забраната за пушење на јавни мести, зголемување на даноците и стигматизација на пушачите. Овие мерки можат до одредена мерка да придонесат, но се јавува прашање за стигматизација која претставува етички проблем, бидејќи никотинот не е главниот причинител на болестите поврзани со пушењето, туку тоа е чадот што се создава при согорување на тутунот. Од друга страна, никотинот исто така не е без ризик и предизвикува зависност. Неопходно е да се поттикне поширока едукација на луѓето дека постојат алтернативи, односно современи уреди кои испорачуваат никотин на помалку штетен начин во споредба со цигарите.
Научниците и експертите кои говореа на форумот ја нагласија потребата дека за 1,1 милијарда возрасни лица кои не можат да се откажат од пушењето треба да им се понуди помалку штетна алтернатива како што се ‘вејп’ производите (електронски цигари), никотински фластери и производите кои не го согоруваат, туку го загреваат тутунот. Оттука, пристапот за намалување на штетните состојки од користењето на тутунските производи треба да го добие своето заслужено признание од страна на креаторите на политиките и владите на глобално ниво.
Еден од говорниците на форумот беше и познатата британска докторка и телевизиска новинарка Розмари Леонард, која истакна дека на луѓето им препорачува електронски уреди. „Луѓето многу тешко се откажуваат од цигарите и јас на моите пациенти им препорачувам да се префрлат на алтернативе кои се помалку штетни од согорниот тутун. Сепак, јас сум во малцинството доктори, бидејќи поголем дел од нив не ги знаат научните докази за пушењето и мислат дека никотинот е исто толку штетен колку и катранот и чадот од цигарите“, нагласи Леонард.
„Горда сум што се претворивме од глобален лидер на конзумирање тутун во лидери на контрола на тутунот. Во октомври ќе спроведеме кампања да ги охрабриме луѓето да престанат да пушат и да им посочиме дека алтернативите се дури 95 проценти помалку штетни од согорениот тутун и катранот што се формира при горење на тутунот“.
Според Розмари, пушењето убива многу повеќе луѓе од пандемијата на Ковид-19. „Никогаш не било подобро време да се повтори идејата дека треба да се престане со пушењето и во нашиот извештај наведуваме повеќе начини како да им помогнеме на луѓето да престанат да пушат. Еден од тие начини е да се промовираат технолошките достигнувања како алтернатива. Не ги охрабруваме луѓето да почнат да користат електронски уреди, туку ги советуваме дека тие можат да бидат помалку штетна алтернатива“.
Харизматичната докторка нагласи дека Велика Британија е еден од лидерите во користењето на бездимните алтернативи. „Британија треба да ја проследи пораката до слабо и средно развиените земји кои страдаат од пушењето во поглед на човечките животи и од финансиски аспект. Ќе победи човечкиот избор и технолошкиот напредок, дури 75 проценти од луѓето не можат да се откажат од пушење и затоа сакаме да ги охрабриме да почнат да користат бездимни алтернативи и е-цигари“.
Розмари истакна и дека никотинот е многу помалку штетен во однос на алкохолот и рекретаивните дроги. „Никотинот навистина создава зависност и може да го зголеми пулсот, но во поглед на супстанците е прилично безопасен. Бројни се медиумите и анти-групите кои велат дека треба целосно да се престане и воопшто да не се користи никотин, но факт е дека е неверојатно тешко да се престане со пушењето, и користењето само на никотин може да помогне во процесот и тоа е навистина долга битка. Проследувањето на овие факти е навистина важно и треба да се испрати позитивна порака до луѓето. Луѓето треба да ја разберат разликата помеѓу штетноста од никотин и штетноста од согорениот тутун. Но, најважна е пораката, односно дека за најтврдокорните пушачи постои начин да се откажат и да се спасат милиони луѓе“, потенцира Розмари Леонард