Ковид-19 може да ги инфицира клетките кои произведуваат инсулин во панкреасот и да ја промени нивната функција, што потенцијално објаснува зошто претходно здравите луѓе развиваат дијабетес по прележување на вирусот.
Докторите се сè повеќе загрижени поради поголемиот број пациенти кои развиле дијабетес по или пак во тек на инфекцијата со коронавирусот, пренесува „Guardian“.
Достапни се неколку различни теории кои го објаснуваат зголемувањето на шеќерот, а една од нив е дека вирусот ги инфицира клетките на панкреасот преку истиот ACE2 рецептор кој се наоѓа на површината на белодробните клетки и ѝ пречи на нивната способност да произведат инсулин – хормон кој му помага на телото да го регулира нивото на гликозата во крвта.
Tука е и објаснувањето дека тоа се случува како последица на претеран одговор на антителата на вирусот што можат случајно да ги оштетат клетките на панкреасот.
Професорот Шибинг Чен од центарот „Weill Cornell Medicine“ во Њујорк прегледал различни клетки и органоиди, лабораториски одгледани клетки кои ја имитираат функцијата на органите за да ги идентификува оние кои можат да бидат заразени со Ковид-19. Резултатите покажале дека сите органоиди на белите дробови, дебелото црево, срцето, црниот дроб и панкреасот можат да бидат заразени, како и мозочните клетки кои произведуваат допамин.
Натамошните експерименти откриле дека бета клетките кои произведуваат инсулин во панкреасот исто така се подложни на вируси и дека еднаш инфицираните клетки произведувале помалку инсулин.
„Ние тоа го нарекуваме трансдиференцијација. Тие во основата ја менуваат својата клеточна цел, па наместо да бидат моќни бета клетки кои лачат многу инсулин, почнуваат да мешаат различни хормони. Тоа може да даде натамошен увид во патолошките механизми на Ковид-19“, изјавил Чен.
„Сè уште не е јасно дали промените предизвикани од инфекцијата на Ковид-19 се долготрајни. Меѓутоа, знаеме дека некои пациенти кои имале многу нестабилно ниво на гликоза во крвта додека биле на одделението на интензивна нега и закрепнувале од Ковид-19, успеале да воспостават повторна контрола над глукозата што значи дека нема сите пациенти да имаат трајни последици од тој вид“, додал овој научник.
Посебно истражување на професор Франческо Доте од Универзитет во Италија и неговите колеги потврдило дека Ковид-19 ги напаѓа клетките на панкреасот целејќи на ACE2 протеинот на нивната површина, а бета клетките кои произведуваат инсулин покажуваат посебно високо ниво на овој протеин.
Извор: Danas.rs