Кинескиот производител на автомобили Geely денеска соопшти дека почнува со масовно производство на комерцијални сателити, што на идните возила треба да им овозможат брз пренос на податоци, прецизна навигација и услуги за компјутерскиот облак (клауд).
Првите сателити веќе излегоа од фабриката во Таижоу, а се развиени од „Џиспејс“, подружница на групацијата „Гили технолоџи“, формирана во 2018 година за развој, лансирање и управување со сателити.
Фабриката ќе може да произведува 500 сателити годишно.
-Брзите промени во воздушната вселенска индустрија и интеграцијата на нови комуникациски технологии во различните сектори, како што се „сателитскиот интернет“, автономното возење и компјутерските облаци, покажуваат дека комерцијалната употреба на орбитата и просторот има иднина, изјави извршниот директор на „Гили Технолоџи“, Си Жaихао.
Кинеската компанија е сопственик на шведски „Волво“, а исто така има 9,7 проценти од акциите во германскиот производител на луксузни автомобили „Дајмлер“.