Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана на САД (DARPA) и американските воздухопловни сили успешно го спроведоа првиот слободен лет на ново хиперсонично оружје, напојувано од таканаречениот скрамџет-погон HAWC (Hypersonic Air-breathing Weapon Concept).
За време на тестирањето, воен авион за кој американските воздухопловни сили не открија за кој тип станува збор, носеше ново американско хиперсонично оружје поставено под своето крило. По отпуштањето, HAWC забрза до суперсонична брзина со помош на ракетен мотор на цврсто гориво.
После тоа, после тоа се уклучил скрамџет моторот произведен од Northrop Grumman и HAWC забрза брзина која е пет пати побрза од брзината на звукот.
„Сите примарни цели се постигнати“, рекоа од DARPA.
HAWC е одбранбен проект на САД дизајниран за развој на технологии за хиперсонична ракета која ќе би се лансирала од воздух. HAWC го направи компанијата Raytheon.
Слободниот лет на HAWC беше успешен тест за способноста која ќе ги направи хиперсоничните крстосувачки ракети високо ефективна алатка за нашата војска. Ова не носи еден чекор поблиску до трансформирање на HAWC во програма која ќе понуди способности од следната генерација на американската војска, рече Ендрју Кнедлер, програмски менаџер на HAWC во DARPA.
Од Raytheon велат дека тестирањето било момент за историја.
HAWC е всушност еден од неколкуте обиди на САД да развијат хиперсонично оружје. Меѓу тие други обиди е и оружјето AGM-183A Air-Launched Rapid Response Weapon (ARRW), кое веќе двапати не успеа на тестирањата. За разлика од HAWC, овој систем не користи скрамџет.
Хиперсоничните системи за наоружување станаа клучна област на конкуренција меѓу САД, Русија и Кина.
Извор: Zimo.hr