Honor официјално ја претстави стандардната верзија на својот претходно објавен Pad V7 Pro таблет. Honor Pad V7 таблет пристигнува со помал екран (10,4 инчи LCD), FHD+ резолуција и 90Hz стапка на освежување.
Панелот има HDR10 компатибилност и поддржува Magic-Pencil 2, со 4096 нивоа на притисок и латеннција од 8 мс. Таблетот пристигнува со четири звучника и нуди DTS: X Ultra опкружувачки звук.
Поголема измена претставува имплементацијата на MediaTek Kompanio 900T чипсетот. Има 6GB или 8GB RAM, додека максималниот капацитет на просторот за складирање изнесува 128GB и можно е да се прошири преку microSD картичка. Таблет уредот има 13MP камера на задната страна и 8MP предна камера.
Honor Pad V7 користи 7250mAh батерија, со поддршка за полнење до 22,5W. За софтверска поддршка е задолжен MagicUI 5.0 кориснички интерфејс, заснован на Android 11.
Pad V7 пристигнува во сина, Amber Gold и Titanium Silver боја, а од 30. септември ќе се продава во Кина. Цената за 6/128GB моделот изнесува околу 310 долари, додека 8/128GB модел чини околу 355 долари. Тука е и 6/128GB верзија со 5G поддршка, по цена од околу 400 долари.