Популарниот порнографски сајт PornHub соопшти дека ќе ги избрише сите т.н. “deepfake” снимки, поради отсуство на согласност на прикажаните личности и истите ги сместува во категоријата на осветничка порнографија.
Deepfake се порно филмови во кои лицата на порно актерите се прекриени со лице на друга личност, било од јавната или приватната сфера. Тие се дефинитивно непосакувана содржина која PornHub одлучи да ја отстрани од својот сајт.
“Не толерираме никаква содржина која е објавена без согласност од сите учесници и ќе ги отстраниме сите снимки во оној момент кога ќе ги забележиме”, напишал портпаролот на компанијата.
“Содржината која е снимена без согласност на еден од учесниците директно ги крши нашите правила на употреба на сајтот. Од таа причина ќе ги отстраниме сите спорни снимки кои корисниците ќе ги пријават”, се наведува во мејлот.
Сепак, и покрај соопштението на компанијата, на сајтот и понатаму може да се пронајдат голем број на вакви снимки доколку во полето за пребарување се впише зборот “deepfakes” во комбинација со името на некоја славна личност.
Извор: B92.net