Компанијата на Eлон Маск, SpaceX потпишала договор со Турзија за лансирање на комуникациски сателит, Турксат 6А чија изработка и конечно пуштање во погон треба да биде финализирано до 2023 година.
Министерот за сообраќај и инфраструктура, Адил Карасимаилоглу соопшти дека Турција ги анализирала понудите и опциите на неколку компании и дека изборот на крај бил SpaceX која се покажла како најдобра компанија во технички, административни и финансиски аспекти.
?️Turkey's first indigenous communications satellite Turksat 6A, which is planned to be completed in 2022, will be launched by the US-based space firm SpaceX https://t.co/GnyIPEvHos pic.twitter.com/uroApzI0km
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) September 17, 2021
Карасимаилоглу наведе дека фазите за производство, интеграција и тестирање на новиот турски сателит ќе се спроведуваат во Центарот за тестирање на вселенски системи во Анкара, а завршувањето на целиот процес се очекува да биде во 2022 година.
„Проектот ќе ја направи Турција уште една од 10-те земји кои можат да произведат сопствен комуникациски сателит. Се очекува дека Турксат 6А ќе биде лансиран во првото тромесечје на 2023 година”, било соопштено.
Турција исто така во соработка со SpaceX го лансираше сателитот Турксат 5А во јануари 2021 година.
Извор: Klix.ba