За време на воената вежба „Запад-2021”, Русија претстави борбени возила роботи кои можат да уништуваат тенкови.
За време на вежбата, роботите испалија проектили и користеа монтирани фрлачи додека нивните оператори безгрижно седеа на сигурна оддалеченост од борбеното поле.
Еден од двата модели е оклопно борбено возило Уран-9 направено како конвенционален тенк, но со него се управува од далечина. Може да биде наоружано со топови и ракетни системи и опремено со инфрацрвени и ласерски сензори од висока технологија за да ги пронајде и погоди своите мети. Возилото има и фрлачи на пламен дизајнирани за напад на непријателска пешадија и чистење на утврдени позиции.
Russian Uran-9 UGV and B-19 (BMP-3 with Epoch) at Zapad-2021 exercise.#BMP3 #Uran9 #Zapad2021 pic.twitter.com/3X2KpkgBKC
— The Dead District (@TheDeadDistrict) September 14, 2021
Борбеното возило Неректа се движи со помош на гасеници, има централен топ, митралез и минофрлач, а е дизајнирано за мисии за извидување во предели кои се опасни за војниците.
Целта на вежбата „Запад-2021” во која учествуваат руски и белоруски војници, како и војници од други држави е унапредување на борбените способности и демонстрација на новата технологија.
Извор: Klix.ba