Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, го најавува својот претстоен Code Talks настан
По успешното организирање на повеќе Code Talks настани во земји каде има свои претставништва, како Белорусија, Србија, Македонија и Шведска, на кои имаа можност да учествуваат бројни софтверски инженери и технолошки ентузијасти, Сеавус го најавува својот трет хибриден Code Talks настан за оваа година.
Ова Code Talks издание ќе се фокусира на Concourse CI платформата, а ќе се одржи на 21 септември, од 16 до 18 часот.
Александар Андонов, технички менаџер на DevOps во oдделот Услуги на управување (Managed Services) во Сеавус ќе биде говорник на овој настан и ќе зборува за Concourse CI платформата како еден поинаков пристап за континуирана интеграција и континуирана испорака. Говорникот ќе ги објасни предностите, слабостите и перспективата на Concourse континуираната интеграција, која овозможува подобро искористување на ресурсите за CI/CD, и ќе прикаже како да го направиме развојот поагилен, а поставувањето на верзии потранспарентно. Ќе се зборува и за тоа на кој начин Concourse нуди различен, а сепак ефективен пристап за авотматизација кој е толку прикладен за континуирана интеграција и континуирана испорака (CI/CD). Предавањето ќе се одржи на англиски јазик.
Code Talks настаните се место на кое експертите од Сеавус ги споделуваат своите технички знаења и практични искуства со заедницата на програмери, и им нудат на учесниците одлична можност да научат нови работи, да ги подобрат своите вештини, да постават прашања и да добијат одговор, како и да стекнат нови познанства и пријателства со некои од учесниците со кои го делат истиот ентузијазам за технологија и програмирање.
Овој Code Talks настан ќе заврши со панелот TheLionTalk, на кој сите учесници ќе можат да постават прашање и да добијат одговор.
Сите кои се заинтересирани да присуствуваат на настанот треба да се пријават на следниов линк: https://codetalks.seavus.com/seavus-code-talks-remote-event-21092021
Со нетрпение ве очекуваме!
Seavus® е друштво за програмерски и консултантски услуги со докажана историја во обезбедување на сеопфатни бизнис решенија за претпријатија. Друштвото има над 800 IT експерти во целиот свет и нуди низа на опции за производи и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар од неколку канцеларии во светот. Нивното зголемувачко портфолио опфаќа: BSS/OSS, CRM, CEM, Решенија за деловно известување, ALM, врградено програмирање, деловни и потрошувачки производи, мобилни и гејминг решенија, управувани услуги, како и прилагодено програмирање, консултантски услуги и рисорсинг. Портфолиото на Сеавус вклучува успешни приказни со светски телекомуникациски провајдери и производители на мобилни уреди, организации од банкарската и финансиската индустрија, електронски уреди за широка потрошувачка, како и со технолошки, образовни, владини, здравствени организации, итн.