Цело време сме живееле во заблуда. Интернет-прелистувачот Firefox на Mozilla објави дека планира да го промени своето лого, но вниманието на луѓето го привлече нешто сосема друго. Корисниците од овој прелистувач дури сега го забележале значењето на оригиналното лого на оваа компанија.
Она што на многумина им се чини како круг со црвена лисица (како што и самиот наслов на прелистувачот сугерира), всушност е нешто сосема поинакво. Ако малку подобро се разгледа знакот, ќе видите дека црвените нијанси потсетуваат на лисица поради што многумина заклучиле дека тоа е огнена лисица, особено поради името на самиот прелистувач.