Марк Гурман од Bloomberg неодамна објави загрижувачки вести кои се однесуваат на паметните часовници на Apple, а тоа е дека новата генерација носечки уреди би можела да се соочи со одложување поради проблем во производството. Меѓутоа, во својот најнов извештај, аналитичарот Минг-Чи Куо известува дека овој проблем е надминат.
Сепак, се истакнува дека не би требало да се очекува Watch Series 7 часовниците да бидат достапни во продажба веднаш по објавата на 14. септември. Според наводите на Куо, Apple ќе почне со масовно производство на часовниците кон средината на септември и ќе биде потребно извесно време од фабриките да се дистрибуираат во продавниците. Се сугерира дека периодот на масовно производство е поместен за две недели, така што испораката се очекува кон крајот на септември.
Новиот OLED G6 панел е наводно внимовникот за проблемите кои се појавуваат во производството. Во прашање е нов тип на панел, кој Apple досега не го користел, а го карактеризира нов дизајн на кабли и нов процес што ја подобрува издржливоста. Од друга страна, G6 панелите се полесни и поевтини за производство.
Минг-Чи Куо наведува дека Luxshare ќе состави 70 проценти од Apple Watch Series 7 часовниците, а овие уреди ќе бидат подготвени пред оние на кои работи Foxconn. Се предвидува дека Series 7 часовниците ќе бидат испорачани во 14 до 16 милиони примероци до крајот на годината.