Почнувајчи од iPhone 7, Apple започна да користи во своите телефони модеми и од Intel, како додаток на оние од Qualcomm, но оваа година ситуацијата може да се промени радикално.
Според новите информации од KGI Securities, за овогодинешното мобилно портфолио, Apple ќе се потпира само на Intel и така Qualcomm ќе биде исклучен од листата со добавувачите, што не е изненадувачки со оглед на тековните судски битки со компанијата од Купертино. Според KGI, Intel сега може да ги исполни техничките барања и истовремено нуди поповолни цени.
Последниот модем на Intel – XMM 7560 поддржува GSM и CDMA мрежи, па Apple може да лансира една варијанта, кој ќе работи со сите американски мобилни мрежи. Сепак KGI не ја исклучува можноста Apple повторно да пушти нарачка на Qualcomm како дел од завршувањето на тековните судски процеси помеѓу двете компании.
Дополнително, аналитичарите веруваат дека Intel може да не успее да се подготви за 5G мрежите толку брзо како Qualcomm. Intel чиповите поддржуваат две SIM картички, но сé уште не е јасно дали Apple ќе лансира паметни телефони со оваа опција.
Извор: Стандард