Компанијата Akhan Semiconductor најави дека е во план да направи мобилен телефон кој ќе има дијамантски екран, а производот се очекува дека ќе се појави во 2019. година. Технологијата веќе е во фаза на тестирање и наводно овозможува екрани кои се шест пати посилни и десет пати поцврсти од сегашните. Akhan Semiconductor нема да ги произведува телефоните, туку ќе има соработка со само еден актуелен производител, кој ќе има голема предност со оваа технологија наспрема другите производители на мобилни телефони.
Технологијата го носи името Mirage Diamond Glass, користи дијаманти кои се „одгледани“ во лабараторија и се поставени во “nanocrystal” распоред кој овозможува помала тенденција за пукање на екранот. Ова ново стакло ќе може да се користи заедно со актуелните заштити како што е Gorilla Glass. Засега во игра од страна на производителите се некои од помалите производители, т.е. не се Samsung, Apple, Huawei или Xiaomi.