TCL претстави целосно нов телефон, наречен FFALCON Thunderbird FF1. FFALCON е под-бренд на TCL, кој продава телевизори и аудио опрема во Кина, а сега се шири и на пазарот на телефони.
FFALCON Thunderbird FF1 имплементира спецификации од среден опсег, како и 5G конекција. Користи 6,67-инчен 120Hz дисплеј, со издолжен слот за селфи камера од 16MP. На задната страна се 64MP главна камера, 8MP ултраширока и сензор за длабочина од 2MP.
Телефонот работи со MediaTek Dimensity 900 чипсет, заедно со 8GB RAM и 128GB или 256 GB меморија. Батеријата од 4300mAh поддржува 66W полнење и потребни се 40 минути за да се наполни до врв.
Thunderbird FF1 пристигнува во црна и зелена боја, по цена од околу 385 долари за верзијата со 8/128 GB и околу 432 долари за 8/256 GB варијанта. Нема информации за тоа дали FALCON Thunderbird FF1 ќе биде достапен на глобално ниво.