Истражувачи од приватен христијански универзитет во САД откриле дека луѓето кои често користат интернет се помалку религиозни, пренесува „Индипендент“.
Истражувањето беше објавено во „Списанието за научно истражување на религијата“ (Journal for the Scientific Study of Religion). Авторите на анкетата испитале 1.714 Американци за нивните онлајн навики и верски уверувања.
Резултатите покажале дека луѓето кои минуваат повеќе време на интернет се помалку религиозни (не веруваат во одредена религија) односно дека не веруваат дека постои само една вистинска религија. Сепак, поголемото време поминато на интернет не било поврзано со помало учество во религиозни активности меѓу верниците.
Спротивно на тоа, луѓето што почесто гледаат телевизија често се повеќе религиозни, но ретко учествуваат во верски активности.
Според компјутерскиот научник, Ален Дауни, бројот на верници во последните 20 години паѓа токму поради ширењето на интернетот. Резултатите покажале дека на нечија верска припадност најмногу влијае воспитувањето, односно дека верници најчесто се луѓето чии родители исто така биле посветени верници.