Оптичките водови се поставуваат континуирано веќе неколку децении, а повеќето се изградени од приватни компании по принцип сличен на изградбата на патишта.
На мапата која неодамна ја издаде аналитичката компанија Telegeography, можеме да видиме линии со различни бои кои прикажуваат огромна и сложена мрежа на подводни кабли кои целиот свет го опслужуваат со интернет. Без разлика дали ве интересира технологијата или не, оваа глетка е импресивна.
Kој го има поставено сето ова?
Oптичките водови се поставуваат континуирано веќе неколку децении, а повеќето се изградени од приватни компании по принцип сличен на изградбата на патишта.
Линиите кои ги гледате на мапата не прикажуваат совршено прецизна слика на вистинскиот распоред на каблите. Тие ги визуелизираат нивниот начелен правец и позиција, односно земјите кои ги поврзуваат. Според Азиско-Пацифичкиот форум за соработка, 97% од меѓународниот интернет сообраќај се пренесува со помош на овие водови.
Страв од Русите
Со обзир на тоа дека минатата година забележана е зголемена активност на руски подморници во близина на подморските интернет водови, САД и Британија изразија загриженост бидејќи иако каблите за интернет под морето претставуваат голема стратешка вредност, речиси никој не ги штити. Токму поради ова, Американците се загрижени дека Русите може да изведат напад врз интернетот, посебно на водовите кои ги поврзуваат Европа и САД, кој ќе биде со сериозни последици и нова закана за нашиот начин на живеење.