Автономниот товарен транспорт во иднина не само што ќе биде ограничен на камиони и авиони, туку ќе се користат и автономни електрични бродови. Еден таков брод наскоро ќе започне со своето прво патување без екипаж.
Станува збор за брод на компанијата Yara International наречен „Yara Birkeland“, кој до крајот на оваа година ќе заплови во Норвешка како прв целосно автономен електричен товарен брод. Ќе плови од Хероје до Бревик, а на патувањете ќе биде следан од три далечински контролни центри.
„Yara Birkeland“ првично беше развиен како концепт во 2017 година и требаше да отплови во 2020 година, но пандемијата на коронавирусот го одложи патувањето. Мора да се напомене дека ова воопшто не е првиот брод без екипаж бидејќи фински траект пловеше без екипаж во 2018 година, но сепак „Yara Birkeland“ дефинитивно е првиот електричен модел.
Товарниот брод се напојува со погонски систем од 900 kW, а максималната брзина е 13 јазли. На неговата огромна батерија од 7 MWh ѝ долго време за полнење, но се верува дека ќе вреди за да се исполнат еколошките цели.
Компанијата очекува „Yara Birkeland“ да замени околу 40.000 патувања со камиони на годишно ниво, со што драматично ќе се намалат емисиите на СО2 и азотен оксид во земја која веќе многу зависи од хидроенергијата. Бродот исто така ќе помогне да се намали сообраќајниот метеж на копно.
Сепак, може да помине долго време пред да пработат автономни товарни бродови надвор од Норвешка. Дури и ако опсегот не е проблем, пристаништата се, затоа што на автономните бродови ќе им биде тешко да се движат во прометните пристаништа како Дурбан или Шангај. Проблем се и законите во различни земји поврзани со морето, како и законите за автономната технологија.
Извор: Klix.ba