Коски на млад ловец кој починал пред повеќе од 7.000 години на индонезискиот остров Сулавеси сведочат за постоење на досега непозната група луѓе.
Според новото истражување, оваа посебна човечка лоза не е пронајдена на друго место во светот. Студијата е објавена во Nature.
„Ја откривме првата древна човечка ДНК во островскиот регион меѓу Азија и Австралија, која дава нов увид во генетската разноликост и историјата на популацијата на раните модерни луѓе во овој дел од светот“, вели Адам Брум, еден од авторите на студијата и професор по археологија на австралискиот истражувачки центар за човечка еволуција на Универзитетот Грифит.
Првите модерни луѓе престојувале на островите Сулавеси, Ломбок и Флорес додека преминувале од Евроазија на австралискиот континент пред повеќе од 50.000 години, веруваат истражувачите.
Точната рута на движење и начинот на кој патувале не е познат.
Во 2015 година истражувачите открија женски костур на возраст од 17 до 18 години во пештера во Сулавеси. Нејзините остатоци биле погребани пред 7.200 години. Девојката била дела од Тоалеанската култура.
„Тоалеанци е името кое археолозите го дадоа на култура од праисториски ловци кои живееле во шумите на планините во Јужен Сулавеси пред околу 8.000 години до петтиот век на нашата ера“, вели Брум.
Младиот ловец е првиот целосно комплетен и добро сочуван костур поврзан со оваа култура.
Научниците успеаја да извлечат ДНК од коските на младата жена и резултатите покажаа дека потекнува од првиот бран модерни луѓе пред 50.000 години. Ова било дел од почетната колонизација на Австралија.
Нејзиниот геном вклучувал и трага од изумрена група луѓе, Денисованци. Истражувачите не знаат што се случило со Тоаленската култура, но ова најново откритие засега е дел од мистерија додека се обидуваат да ја разберат древната генетска историја на луѓето во југоисточна Азија.
Извор: Klix.ba