Ако сте се прашувале каде работат и живеат вработените во некои од најбогатите светски компании, еве ви одговор. Кон крајот од јануари, Amazon го отвори својот нов канцелариски комплекс во Сиетл – „the Spheres“. Монументалната структура се состои од неколку сфери, во кои растат илјадници дрвја од целиот свет.
Овој транспарентен „биодом“ на вработените во Amazon им обезбеди модерна работна средина која опфаќа природни елементи. Следејќи ги принципите на биофилијата, или желбата за поврзување со природата, локацијата има за цел да ја зголеми креативноста. За изградба на овој објект беа потребни цели 7 години и речиси 4 милијарди долари. Канцелариите се состојат од три преплетени куполи, од кои најголемата е со висина од 27 метри.
Просторот е наменет за работа на 800 луѓе, а поделен е на неколку нивоа.