SpaceX има голем број сателити во вселената кои имаат многу „блиски средби“ секоја недела и доаѓаат во ситуација на потенцијален судир.

SpaceX ги лансираше сателитите во вселената за да создаде растечката интернет мрежа Starlink, која веќе е составена од илјадници сателити во веќе „пренатрупаната“ вселена. Бројот на „блиски средби“ е во пораст, така што овој проблем во блиска иднина и тоа како ќе се засили, пишува LiveScience.

Европската вселенска агенција проценува дека во вселената има 7.520 сателити кои летаат во свои орбити и дека тие честопати имаат „блиски средби“. Инаку, под „блиска средба“ се подразбира ситуација во која летечките објекти се на растојание од најмногу еден километар.

Базата на податоци SOCRATES, која го следи движењето на сателитите, го прати и вселенскиот отпад со цел да го процени ризикот од евентуален судир. Кога ќе се открие опасност од блиска средба, SOCRATES испраќа предупредување до сателитските оператори кои прават соодветни маневри за да избегнат судир.

Зголемување на бројот на сателити се совпаѓа со програмата Starlink, и со тоа бројот на блиски средби драматично се зголеми во изминатите две години, барем според експертот Хју Луис од Универзитетот во Саутемптон. Според него, сателитите Starlink имаат дури 1.600 блиски средби неделно. Покрај тоа, тие имаат 500 блиски средби со други сателити во вселената.

SpaceX лансираше 1.740 сателити, но ова е само почетната фаза од програмата која вклучува околу 12.000 сателити. Сателитите Starlink се дизајнирани на тој начин да можат автономно да избегнуваат судири преку промена на нивниот тек во ризични ситуации и влегување во различна орбита.

Дури и мал судир, како оној што годинава го доживеа кинескиот сателит Yunhai 1-02, создава голема количина отпад што мора да се следи бидејќи претставува зголемен ризик од нови судири во иднина.

Извор: Klix.ba