Како една од водечките компании во IT сферата, Ендава веќе 20+ години и дава нова дефиниција на врската меѓу луѓето и технологијата. Посветеноста е видлива не само во успешните проекти, туку и во вложувањето на време и труд во развој на младите професионалци.
Покрај graduate и internship програмите кои се веќе стандарден дел од понудата на Ендава, и оваа година како и минатата мораше да се адаптира начинот на кој младите умови на безбеден начин ќе можат да бидат дел од пренесувањето на знаење од експертите од оваа компанија.
Така минатата година се роди Tech Insights како целосно онлајн програма што може да се следи од каде било, а е наменета за сите студенти и ентузијасти кои сакаат да научат нешто ново.
Со почеток од 02.09, учесниците ќе имаат можност да бидат дел од 10 предавања на релевантни теми како софтвер девелопмент, тестирање и проектен менаџмент. Во текот на предавањата, експертите од секое поле ќе го пренесат нивното знаење, но истовремено и ќе ја доближат работната и компаниската култура на Ендава до јавноста.
Сите заинтересирани можат бесплатно да се регистрираат на следниов линк: https://forms.office.com/r/TFuq2JmxTj, а повеќе информации можете да дознаете на Фејсбук настанот: https://fb.me/e/4290reSG5 .
Поврзани артикли