QR (Quick Response) кодовите се уште едно обележје на новото време и развојот на технологијата. Сѐ повеќе ги среќаваме и практично се насекаде. Овозможуваат многу брзо, лесно и едноставно отворање на веб-страници, пристап до разни информации, како од јавен така и од приватен карактер. Сѐ што треба да се направи е да се скенира кодот со камерата на паметен телефон и со тоа да се дојде до корисни информации кои се од интерес на корисникот.
Креативноста отиде дотаму што А1 Македонија воведе уште еден, поедноставен начин за плаќање на сметките, без притоа да се посети продажен салон што значи заштеда на скапоцено време. Имено, од јуни годинава, корисниците на услугите на оваа компанија имаат можност за уште побрзо и поедноставно плаќање на сметките по електронски пат и тоа со QR код.
Сѐ што треба да направат е да го скенираат кодот кој се наоѓа на левата страна на сметката над адресните податоци и barcode-от .
Содржината на QR кодот е персонализиран линк (URL) за секој корисник посебно. Отворањето на линкот го носи корисникот кон страната https://www.a1.mk/plati-smetka каде автоматски се пополнети полињата – број на фактура (содржи 12 цифри) и email адреса доколку корисникот има активна електронска достава на фактури. Понатаму, плаќањето на сметката се извршува исто според чекорите за плаќање сметка онлајнпреку веб-страницата на А1.
Како да го скенирате QR кодот?
Кодот се наоѓа на горната лева страна на издадената сметка.
Отворете ја камерата на вашиот паметен телефон. Насочете го телефонот кон QR кодот и скенирајте.
IOS и Android scan
Плаќањето на сметката понатаму се извршува според чекорите за плаќање сметка онлајн преку веб страницата на А1 Македонија.