Неодамна се појави комплетниот преглед на спецификации на Samsung Galaxy Z Fold 3, а сега има поцелосни детали за вториот флексибилен модел на јужнокорејската компанија – Galaxy z Flip3.
Galaxy z Flip3 ќе користи Android 11, со ONE UI 3.1 интерфејс. 6,7-инчен внатрешен екран, со 2640 x 1080p резолуција и стапка на освежување од 120Hz, како и 1,9-инчен екстерен екран со 260 x 512p резолуција. Флексибилното стакло користи Gorilla Glass Victus заштита.
Телефонот го покренува Qualcomm Snapdragon 888 чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128GB или 256GB UFS 3.1 простор за складирање. Системот на камери се состои од 12MP главниот F/1.8 сензор со OIS поддршка и 12MP F/2.2 ултраширока камера. Во внатрешниот екран има 10MP f/2.4 селфи камера.
Телефонот има сензор за отпечатоци од страна на рамката, IPX8 сертификат за заштита на вода, Dual-SIM поддршка и 3300mAh батерија. Димензиите на уредот се 166 x 72,2 x 69 мм кога е отворен и тежи 183 грама.
Samsung Galaxy Z Flip3 се очекува по цена од 1099 евра во Европа, а ќе биде достапен во Phantom Black, Cream и Lavender варијанти. Samsung го тестираше механизмот на шарката за 200.000 отворања, што значи дека не би требало да има проблеми пет години, ако се отвори и затвора 100 пати на ден.