Примањето втора доза на АстраЗенека не резултираше со зголемување на инциденцата на згрутчување на крвта кај луѓе со ниски тромбоцити, покажа најнова студија објавена во The Lancet.
Резултатите од студијата покажуваат стапка на синдром на тромбоцитопенија (TTS) по втората доза на вакцина од 2,3 на милион вакцинирани, што е вообичаена бројка кај луѓето кои не се вакцинирани. За споредба, инциденцата на TSS по првата доза е 8,1 на милион.
Студијата е финансирана и спроведена од АстраЗенека, проучувајќи ги пријавените случаи на несакани ефекти во рок од 14 дена по приемот на првата или втората доза на вакцината. 316 случаи на TSS се пријавени во Европската економска област.