Мауро Болоња од Универзитетот „Де Тарапака“ во Чиле, заедно со својот колега Џерардо Акуино од Институтот „Алан Туринг“, на Универзитетот „Сари“ во Лондон, стравуваат дека на човештвото му остануваат уште само 40 години живот на планетата Земја.
Тие сметаат дека луѓето пребргу ги користат и трошат природните ресурсти и суровини и дека има доволно за уште само 40 години. Тие своите резултати ги објавиле во студијата „Сечење на шумите и одржливоста на светската популација“.
Во неа е направена анализа од која не извлекле некакви оптимистични заклучоци за опстанокот на човечката цивилизација.
Според истражувањето објавено во списанието „Природа“, на човештвото му остануваат уште само од 20 до 40 години пред тоа целосно да пропадне.
„Врз основа на нивото на потрошувачка на ресурси, најповолниот проект на технолошки раст, нашето истражување покажува дека има многу мала веројатност, во најдобар случај, помала од 10 %, да го преживееме целосниот катастрофален колапс“, се вели во нивниот извештај.
Научниците изјавиле дека показателот на степенот на катаклизма е ситуацијата што се случува со шумите. За разлика од нив, другите колеги главно опстанокот на човештвото го пресметуваат врз основа на емисијата на гасови со ефектот на стаклената градина, односно климатските промени.
„Пред појавата на човечката цивилизација нашата планета била покриена со над 60 милиони квадратни километри шума. Како резултат на уништување на шумата, сега таа е помала за 40 милиони квадратни километри“, велат тие.
Нивните методи, според статистичките модели, се ослонуваат и на Фермиевиот парадокс, односно тезата на италијанскиот физичар Енрико Ферми, кој се прашувал зошто не постои комуникација меѓу вонземјанските цивилизации.
На Ферми му било чудно затоа што статистички е необично, огромни надворешни простори, со уште поголем потенцијал за развој на живот и интелигентни цивилизации, досега не довеле до жива комуникација.
Одговорот се наоѓа во она што авторите го навеле во своите истржаувања. Не постои идеја дека интелигентен живот во одреден момент од својот развој неминовно се уништува.