Во Централна и Источна Европа, 4G се очекува да остане доминантна технологија барем во следните пет години.
За Европа се вели дека значително заостанува зад многу други региони кога станува збор за усвојувањето на 5G, со тоа што многу корисници сè уште се потпираат на 3G претплати за мобилните телефони.
На глобално ниво има вкупно 5,9 милијарди претплати за широкопојасен интернет за мобилни уреди, во споредба со глобалната популација од 7,6 милијарди, според новиот извештај за мобилност на Ericcson. Што се однесува до типовите мобилни претплати, извештајот открива дека Североисточна Азија имала девет пати повеќе 5G мобилни претплати во однос на Западна Европа – 9% и 1%, соодветно. Во Централна и Источна Европа, ова е помалку од 1 отсто.
Северна Америка се најде на второто место по североисточна Азија, со тоа што 4% од мобилните претплати се 5G, по што следуваат земјите од Заливскиот совет за соработка со 2 проценти.
4G останува доминантна технологија на мобилната мрежа за повеќето региони, сочинувајќи 78 проценти од претплатите за мобилни телефони во Западна Европа, 80% во земјите од Заливот, 83% во Североисточна Азија и 89% во Северна Америка. Во Централна и Источна Европа, само 50% од претплатите овозможуваат 4G технологија, додека 36 отсто сè уште се потпираат на 3G.
И покрај тоа, 20. Извештај за мобилност на Ericsson тврди дека иднината на 5G брзо се приближува, предводена од околу еден милион нови 5G мобилни претплати на глобално ниво секој ден. Технолошкиот гигант предвидува дека до крајот на оваа година, 5G мобилните претплати ќе надминат 580 милиони, зголемувајќи се за 70 милиони само во текот на првиот квартал од 2021 година.
Кон крајот на минатата година, шведската телекомуникациска компанија ја зголеми својата проценка на глобални 5G претплати до крајот на 2020. година на 220 милиони, од кои 175 милиони – речиси 80% – се склучени Кина.
Бројот на глобални мобилни претплати за широкопојасен интернет се очекува да се искачи на 6,5 милијарди до крајот на 2026 година. Во исто време, се предвидува дека популарноста на 4G во Западна Европа ќе се намали за повеќе од една четвртина (27%), а предвидено е дека над 60 провајдери на услуги ќе лансираат 5G услуги низ целиот регион.
Сепак, во Централна и Источна Европа се очекува дека 4G ќе остане доминантна технологија во 2026 година, сочинувајќи 65% од претплатите за мобилни уреди – речиси двојно поголем процент од предвидените 5G претплати, од 33%.
Извештајот наведува и дека заостанувањето на 5G во Европа е предизвикано од одложените аукции на спектарот во опсезите од 700MHz и 3,4-3,8 GHz, што влијаеше на ширењето низ целиот регион. Ова беше посебно точно за Велика Британија, каде што аукцијата за спектарот првично планирана за 2017 година, конечно се одржа во март 2021 година.