Благодарение на вселенскиот телескоп Hubble, научниците дојдоа до докази за испарување вода на Ганимед, најголемата месечина на Јупитер.
Во истражувањето се користени нови и архивски податоци собрани со помош на Hubble во процесот на трагање по испарувања кои се формираат кога ледот на површина се претвора од цврста во гасовита состојба.
Тим научници, предводен од Лоренцо Рот на Кралскиот технолошки институт во Стокхолм, анализираше податоци собрани од спектографот на Hubble во 2018 година, како и од фотографии направени меѓу 1998 година и 2010 година.
Ултравиолетовите фотографии се направени од инструментот STIS во 1998 година и прикажуваат шарени линии од електрифициран гас.
Претходните истражувања покажаа дека Ганимед би можел да содржи повеќе вода од сите наши океани. Океанот на оваа месечина се наоѓа веројатно околу 160 километри под површината така што испарувањето не потекнува од него. Водата на површината е замрзната поради температурата на месечината.
Ова откритие доаѓа откако Европската вселенска станица идната мисија ја нарече JUpiter ICy Explorer (JUICE). Лансирањето се очекува во 2022 година, а пристигнувањето на Јупитер во 2029 година.
Извор: Klix.ba