Група од 20 лица ќе имаат чест да го посетат првиот „ноќен клуб“ на светот во кој што нема гравитација.
Станува збор за преуредениот авион „Ербас А310“ кој идниот месец ќе полета од Франкфурт, а на посетителите ќе им овозможи уникатно доживување.
Лицата во авионот ќе бидат избрани преку натпревар на социјалните мрежи, а доаѓаат од различни земји. Во авионот ќе ги забавуваат диџеите Армин ван Бјурен и Стив Аоки.
За луѓето да се чувствуваат како во вселената, авионот ќе лета параболично, што овозможува бестежинска состојба.
Мисијата се вика „World Club Dome Zero Gravity“, а закажана е за 7 февруари. Забавата ќе трае 90 минути, од кои посетителите 25 минути ќе бидат во бестежинска состојба.