Да живеете со висок крвен притисок е потенцијално опасна работа. Доколку се консумира во големи количини, оваа храна може да остави сериозни последици по здравјето.
Високиот крвен притисок или хипертензија погодува голем број од луѓето.
Оваа состојба може да се спречи со правилна исхрана и вежбање, а научниците дошле до податоци дека ризикот значајно се намалува доколку од менито ги исфрлите следните намирници.
Мрсна храна
Според истражувањата, луѓето кои се хранат така што внесуваат голема количина на месо и масти во организмот, имаат тенденција од зголемен крвен притисок за разлика од оние кои се хранат на вегетаријански начин.
Во храната која го зголемува крвниот притисок спаѓа и кожата од пилешкото месо. Кој сака да јаде крцкава кожа од печено пиле знае колку таа е вкусна, но и многу калорична односно преполна со заситени масти кои можат да го зголемат и холестеролот.
Секако високиот холестерол е виновникот и за високиот крвен притисок и може потенцијално да предизвика хипертензија.
Кујнска сол
Само една лажичка кујнска сол има 2.300 милиграми натриум, а тоа е горната граница на препорачана дневна доза од овој минерал. Ова е доволен доказ да се опише штетноста на кујнската сол и начинот на кој таа е способна да го зголеми крвниот притисок.
Кисела зелка
Киселата зелка содржи голема количина на натриум и луѓето со срцеви проблеми не треба да ја консумираат.
Кисели краставички
Иако киселите краставички содржат малку калории, што е добро, тие содржат и многу натриум. Една просечна краставичка содржи 570 милиграми натриум што е приближно 1/3 од дневната препорачлива доза.
Полномасно млеко
Официјално, млекото се смета за добро и хранливо, но покрај преголемата количина на протеини тоа содржи и премногу масти и холестерол кои влијаат неповолно на срцето и крвните садови.
– целер;
– коприва;
– жалфија;
– лук;
– рен;
– магдонос.
Најчести симптоми за висок крвен притисок се:
– забрзано чукање на срцето;
– крв во урината;
– силни главоболки.