Windows сега може да се користи преку стриминг од облак
Microsoft официјално го најави Cloud PC, кој е дел од новата Windows 365 cloud понуда. Компанијата истакнува дека Cloud PC е хибридна лична категорија на обработка на податоци, која го користи облакот и можностите на уредот за да обезбеди комплетно персонализирано Windows искуство. Ова далечински ќе ги обезбеди корисниците на Windows 10 и потенцијално Windows 11 на сите платформи, преку облак.
Windows 365 сервисот ќе стане достапен од 2. август, а дури тогаш Microsoft ќе ги открие цените кои сега се знае дека ќе бидат по корисник. Цената ќе зависи и од конфигурацијата на компјутерот во облакот, а корисниците ќе можат да бираат процесор, RAM, како и простор за податоците. Претплатниците ќе имаат пристап до „облакот“ преку Windows и Mac компјутерите, iPhone, Android или Chromebook, под услов да имаат компатибилен пребарувач со HTML 5.
„Ја дефинираме оваа транзиција кон „хибридната работа“ како вистинска флексибилност во начинот и местото на работењето и при работното време. Тоа е модел што се развива низ целиот свет, бидејќи луѓето почнуваат да експериментираат, вели Џеред Спатаро, одговорен за Microsoft Windows 365.
Компанијата одлучи да понуди верзија заснована на „облак“ со повратни информации, за вработените и студентите да имаат побрз и полесен пристап каде и да се наоѓаат. Поттик за идејата се работата и школувањето од дома за време на пандемијата на коронавирус.