Компанијата Google почна со испорака на новата Drive декстоп апликација, на Mac и Windows платформите.
Drive за десктоп ќе ја замени Backup and Sync апликацијата (која ја замени Google Drive десктоп апликацијата во 2018. година), како и Drive File Stream, кој е наменет за бизнис корисниците.
Новата апликација ги комбинира најдобрите функции на Backup and Sync и Drive File Stream сервисот, според наводите на Google. Корисниците ќе можат да ги уфрлат и синхронизираат своите фотографии и видео фајлови на Google Photos и Drive.
Тука е и опцијата за синхронизирање на екстерните уреди за складирање со облак. Покрај тоа, ќе постои можноста за пресликување на Drive фајловите на компјутер, со локално складирање на фајловите за побрз пристап.
Можнои е синхронизирање на локално фолдери, како што се десктоп и документи. Присутна е и интеграција со Microsoft Outlook и Meet распоредот, а корисниците ќе можат во реално време да видат кој ги прави измените на документите.
Од 1 октомври, Backup and Sync сервисот повеќе нема да работи, а функциите од овој сервис во следните месеци ќе преминат на новатѕа Drive десктоп апликација.