Американската компанија Blue Origin на милијардерот Џеф Безос, доби дозвола од Федералната управа за авијација на САД, за пробен лет со луѓе во Вселената.
Основачот на Amazon, Безос има намера да полета во Земјината Орбита на 20 јули со леталото New Shepard. Лиценцата на Безос му важи до август.
Летот на Blue Origin би требало да се случи десетина дена по успешниот пробен лет викендов на неговиот британски соперник Ричард Бренсон и компанијата Virgin Galactic.
Во оваа „трка“ за комерцијални приватни летови во Орбитата е уште и SpaceX на Елон Маск. Се очекува нивниот пробен лет да се случи в септември.