Според наводите на австрискиот авто-мото сојуз (VCÖ), бројот на домаќинства во Виена кои не поседуваат автомобил е зголемен за 25 проценти во последните десет години
Анализата спроведена од унијата се заснова на податоци од австрискиот завод за статистика Statistik Austria.
Додека во 2010 година 345.000 или 41 процент од виенските домаќинства немале автомобил, во моментов 430.000 или 47 проценти од нив се без автомобил. Во 2020 година, 73% од жителите на Виена секојдневните релации ги минувале пеш, користејќи јавен превоз или велосипеди. VCÖ нагласува дека бројот на автомобили дополнително би се намалил доколку продолжи со развивање на велосипедската инфраструктура и понудите на градската транспортна компанија, како и понудите за споделување автомобили надвор од Виена.
Во исто време, бројот на домаќинства кои имаат годишна претплата на јавен превоз скокнала од 40 на 52 проценти. Домаќинствата кои поседуваат два автомобили поминуваат во просек 12.400 километри годишно со едниот и 6.400 километри годишно со другиот. Овие возила повеќе се паркирани отколку што се користат.
„Подобрувањето на понудите за споделување автомобили надвор од градот е многу значајно. Жителите на Виена користат автомобили главно за семејни посети на село или за патувања надвор од градот “, објаснува Михаел Швендингер од VCÖ.