Класичниот тркачки автомобил Porsche Spyder го промени својот сопственик за рекордни 5 милиони долари на аукцијата во САД.
Сочуваните и ретки примероци од автомобилската историја сè повеќе добиваат на цена, за што сведочи и овој Porsche 550A Spyder од 1958 година.
Автомобилот кој своевремено победувал на познатите патеки како холандскиот Зандворт или германскиот Нирбургринг е продаден на аукција во Скотсдејл, САД, за 5,17 милиони долари.
Опремен со релативно скромен четирицилиндричен 1.5-литарски мотор со 110 коњски сили, ова Porsche се натпреварувало во ерата на моќните машини, кога на Ле Ман триумфирал значајно помоќниот Ferrari 250 Testa Rossa со речиси тројно повеќе коњски сили.
Германскиот производител направил 40 примероци од овој модел, што уште повеќе ја зголемува неговата вредност. Затоа и не е изненадувачки фактот што овој историски примерок постави нов рекорд на основа на цената која ја постигна на неодамнешната аукција.
Ова е воедно и највредниот автомобил на аукциската куќа “Bonhams”, на која Ferrari Dayton Spyder е продаден за 2,64 милиони долари, додека Ferrari F40 и Mercedes 300SL Roadster достигнале суми од по 1,51 милиони долари.

Извор: B92.net