Безжичните слушалки се фантастичен изум, но траењето на нивните батерии и натаму не е на завидно ниво, па вообичаеното уживање при слушањето музика без кабел релативно брзо поминува. JBL верува во поинаков пристап, па од компанијата се насочија кон корисниците, за да им помогнат една несекојдневна идеја да ја претворат во реалност.

Harman брендот на платформите за собирање средства пробува да собере пари за да направи слушалки кои се напојуваат со соларна енергија. На тој начин, во компанијата веруваат дека нивните слушалки ќе можат да се користат речиси непрекинато.

Клучот на овој производ, според компанијата JBL е во материјалите кои ги користат, со оглед на тоа дека нивните слушалки можат да користат светлосна енергија и надвор и внатре. На тој начин, слушалките константно се полнат. JBL проценува дека само час и половина полнење надвор може да ви овозможи 68 часа слушање, доколку почнете од полна батерија. Дури и кога условите не се идеални, на пример во зима, има добри шанси дека нема да мора да ги полните. Во секој случај како резервна ватијанта имате USB, кој ги полни во целост за период од два часа.

Овие практични слушалки би требало да се најдат во продажба во октомври, 2020. година.