Погонските агрегати на компанијата во иднинс ќе бидат произведувани без никакво еколошко влијание на животната средина
Шведската компанија Volvo успеа да постигне еколошка неутралност во еден од своите производни центри. Од 1 јануари оваа година, фабриката за мотори во градот Шведе користи електрична енергија и греење целосно од обновливи извори.
Ова е првата фабрика со ваков статус на Volvo. Стратегијата на компанијата, која е во сопственост на кинескиот гигант Geely, е дека сите производни центри на компанијата да имаат нула емисии до 2025 година. Фабриките веќе долго време користат само електрична енергија од обновливи извори, но онаа во Шведе успеала да се префрли и на еколошко греење, што се обезбедува со палење на биомаса, биогорива и отпад.
„Подигањето на енергетската ефикасност е главен приоритет за нас, и затоа се стремиме да ја добиеме енергијата што ни треба за работа од обновливи извори“, вели Хавиер Варела, виш заменик-претседател на производство.