Роботот „Фабио“ кој беше на пробно тестирање во супермаркет во шкотскиот град Единбург, „доби отказ“ по само една седмица.
Имено, машината имала задача да нуди бесплатни прехранбени производи, како и информации за нив. Иако „Фабио“ се трудел, постојано ги збунувал купувачите, давајќи им погрешни информации.
Роботот е изработен на Универзитетот Хериот-Ват. Според Лујза Маргот, одговорна за маркетинг во трговскиот ланец, „Фабио“ не бил доволно подвижен и не можел прецизно да ги насочува купувачите, туку само им давал општи упатства, како што е „сирењето е во ладилникот“.
Оливер Лемон од Универзитетот Хериот-Ват изјави дека машината, што се уште е прототип во иднина би можела да се користи во авиоконтролата и во болниците.