Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа ефикасност од 92,28 проценти. Ова го објави лабораторијата што ја развива вакцината, пренесе АФП.
Центарот за генетско инженерство и биотехнологија објаснува дека оваа ефикасност е постигната по три дози.
„Абдала“ е во завршна фаза на клинички испитувања и треба да добие официјално одобрување од кубанските власти подоцна овој месец или на почетокот на јули.
#Abdala | Alcanza 92.28% de eficiencia con su esquema de 3 dosis y se convierte en el segundo de los #CandidatosVacunalesCubanos que alcanza los requisitos exigidos por la @WHO pic.twitter.com/2xk7uT6pxQ
— CIGBCuba (@CIGBCuba) June 21, 2021
Во саботата, кубанскиот институт за вакцинација „Финли“ објави дека неговиот кандидат за вакцина „Соберана 2“ покажал ефикасност од 62 проценти по инјектирање на две од трите дози.