Компанијата Vivo на својот Twitter профил објави дека Vivo V21e 5G телефонот ќе биде претставен на 24 јуни и ќе дебитира на индискиот пазар.
Станува збор за 5G верзија на Vivo V21e моделот, кој беше објавен во Малезија во април. Разликата е во додавањето на 5G поддршка преку MediaTek Dimensity 700 чипсет, а тука е и различниот заден панел, со градиент завршница во два тона.
Останатите карактеристики би требало да бидат исти за 4G и 5G моделите на телефонот. Ова значи дека може да се очекува 6,44-инчен 1080p AMOLED екран, главна камера од 64MP, 8MP ултра-широка камера, како и батерија од 4000mAh со поддршка за 33W полнење.
Vivo не ја објави потенцијалната цена за V21e 5G телефонот.ѕ