„Ковид-19 има многу карактеристичен мирис. Тоа вистинско научно откритие и многу возбудливо за развој на различни методи за детекција на болеста“, објасни професорот Стив Линдзи од Универзитетот Дурхам.
Човечкото тело, кога е болно, има поинаков мирис. Иако тоа можеби луѓето не можат да го почувствуваат, веќе е докажано дека животните, на пример кучињата и мачките, можат. Но, група научници од Велика Британија развија уред што може да го „намириса“ лицето заразено со коронавирус.
Наречен „Ковид аларм“, уредот е резултат на работата на научниците од Лондонската школа на хигиена и тропска медицина и Универзитетот Дурхам, кои открија дека лицето заразено со вирусот има специфичен мирис кој е можно да се открие со сензори.
„Резултатите се ветувачки и покажуваат потенцијал за користење на ваквата технологија за брзо, неинвазивно тестирање со исклучителна точност. Но, се уште е потребно дополнително да се тестира технологијата за да бидеме сигурни дека таквите резултати е можно да се повторат во реални услови“, истакна водачот на студијата и професор на Лондонската школа, Џејмс Логан.
„Ако уредот се покаже успешен во примена на јавните места, би можел лесно да влезе во поширока примена. Исто така, би можеле да ги заштитиме луѓето од идни епидемии, бидејќи има можност за прилагодување на сензорите за детектирање на различните области во рок во само неколку недели“, додаде Логан.
Во студијата која се уште не ја поминала рецензијата користени се примероци на телесните мириси од чорапите, кои ги донирале пациентите заболени од Ковид-19, но кои имале благи или никакви симптоми и доброволци кои не биле заразени.
Примероците ги анализираше Model 307B VOC, кој беше опремен со 12 OSC сензори. Овие сензори создавале профил на мириси и примарно ја детектирале присутноста на врските како што кетон и алдехид, кои се појавуваат кај лицата заболени од Ковид-19.
„Ковид-19 дефинитивно има многу карактеристичен мирис. Тоа е навистина научно откритие и многу возбудлива работа за развој на различните методи на детекција на болеста“, појасни професорот Стив Линдзи од Универзитетот Дурхам.
Сензорите во текот на тестирањето покажале исклучително висока прецизност – дури до 100 проценти, што значи дека со нивна примена би се избегнало добивање на лажно позитивни или лажно негативни резултати на тестови. Но, како што истакнуваат научниците, прерано е да се каже дали би можеле во целост да ги заменат класичните PCR тестови. Во почетокот секако би можеле да се користат како дополнителна црна на одбрана.