Челниците на најпопуларнмата социјална мрежа на светот Facebook најавија дека според резултатите на анкетирањето на своите корисници ќе ги одредуваат приоритетите на извори на вести во news feed. Изворите на веродостојни вести ќе имаат предност во појавувањето.
Овој чекор следуваше по големите измени во начинот на функционирање на news feed во борбата против ширење на лажните вести и пропаганди.
Покрај тоа, од Facebook најавија дека сакаат да се базираат на истакнување на “личните моменти кои меѓусебно не поврзуваат”, забележувајќи дека постовите на компаниите, брендовите и медиумите ги истиснуваат овие содржини.
Continuing our focus for 2018 to make sure the time we all spend on Facebook is time well spent… Last week I…
Posted by Mark Zuckerberg on Петок, 19 јануари 2018
Првиот човек на компанијата која има повеќе од две милијарди корисници, Марк Цукерберг најави анкети со кои ќе се утврди кои медиумски куќи корисниците ги сметаат за веродостојни, бидејќи како што вели, во денешниот свет има премногу сензационализам, дезинформации и поделеност.